Често поставувани прашања

Овде можете да ги најдете одговорите на сите ваши прашања во врска со КупонГо. Доколку нешто не сме опфатиле, чувствувајте се слободни да не контактирате во секое време.

1. Што е КупонГо и како работи?

KuponGo е онлајн платформа која им овозможува на купувачите да ги откријат најголемите и најатрактивни попусти. Штедете купувајќи ги секојдневно потребните работи!

Ажурирање на уникатни промоции, обезбедување на најголеми попусти и купување од вашите смарт уреди се едни од можностите што ви ги овoзможува KuponGo. Искусeте ги нашите зделки  со екслкузивно најниски цени!

2. Како да ја купам зделката?

Најпрво се регистрирате на нашата платформа со вашиот е-маил(не е задолжителна регистрација) , ја додавате во кошничка посакуваната зделка, кликнувате на продолжи кон плаќање, каде можете да ги проверете вашите лични информации, и информациите за зделката.

Кога сте сигурни дека наведените информации се точни, кликнувате на плати.

Потребно е да ги внесете информациите од вашата картичка и да го финализирате плаќањето.

3. Како ги добивам купоните?

Купонот го добивате на вашиот е-маил и на вашиот KuponGo профил. KuponGo кодот го прикажувате при реализирање на зделката или го испраќате по маил, зависно од поставените услови.

4. Што ако партнерот престане да работи, а сум купил/а купон?

KuponGo врши рефундација целосно на средствата.

6. Ја заборавив лозинката. Како да се логирам?

Потребно е само да го знаете вашиот е-маил. Со опцијата ја заборавив лозината (forgot your password), добивате линк на вашиот е-маил каде што имате пристап до ажурирање на нова лозинка.

7. Платив без да се регистрирам, но го немам добиено кодот. Што сега?

Вашиот KuponGo код го имате добиено на е-поштата која ја имате внесено при пополнување на информации за наплата.